Шокатни вести од таборот на Себастијан Фетел, возачот на Ферари кој најави дека по завршување на оваа сезона ќе го напушти италијанскиот тим. Шокот е поради фактот дека Германецот најави дека веројатно по крајот на сезоната, ќе се повлечи од Формула 1. Иако одлуката не била конечна…

“Сакам да бидам сигурен дека ќе донесам вистинска одлука, како за мене така и за мојата иднина. По природа сум натпреварувачки тип, многу постигнав во спортот, мотивиран и сакам уште успеси. Но ако не пронајдам доволно добар болид за мене, тогаш ќе морам да побарам нешто друго“ рекол Фетел кој кажа и како дошло до прекинот на соработката со Ферари.

“За мене беше изненадување кога ме повика Матија Биното, директорот на Ферари, и ми рече дека тимот нема намера со мене да ја продолжи соработката“ заврши Фетел кој наскоро ќе наполни 33 години.