На 7 и 10 јули, во Тетово и Штип ќе се одиграат баражите за пополнување на двете втори лиги. И тие ќе бидат своевиден увод во она вистинското што ќе следи од 9 односно 22 август, кога стартува сезоната 2020/2021 во ПМФЛ и двете втори лиги. Интересно е тоа што овие мечеви во Тетово и Штип ќе бидат првите мечеви во Македонија по корона кризата, и првите кои ќе се одиграат според протоколот направен од Главниот координативен кризен штаб на државата за заштита од Ковид-19.

ФФМ пред два дена го објави целосно тој протокол, а во него ги има сите упатства до клубовите за одржување на тренинзите и одигрување на натпреварите. Секако дека се бара од сите клубови и организатори на натпреварите, стриктно придржување на упатствата. ФФМ овој протекол го сподели со сите клубови и притоа апелираше безусловно да ги спроведуваат насоките, препораките и мерките запишани во Протоколот во насока на заштита на здравјето на сите чинители на фудбалската игра.

ПРОТОКОЛОТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК