Македонската репрезентативка, Марија Николиќ ја продолжи соработката со ПАОК. Николиќ ќе ја игра четвртата сезона во дресот на грчкиот првак со кого остави три двојни круни.

„Среќна сум што ќе останам четвртта сезона по ред. Се надеваме дека во новата нема да го имаме проблемот – коронаворус, ќе продолжиме онаму каде што застанавме без да загубиме ниту еден бод“, изјави Николиќ, која во новата сезона ќе биде дел од европските клупски натпреварувања.