Славниот чешки фудбалер Милан Барош, кој ќе остане запаметен по настапите во Ливерпул, ја заврши кариерата на 38-годишна возраст. Барош се реши на ваков чекор после хроничните повреди во последните години.

Иако многумина сметаа дека е веќе во пензија, сепак, Барош последните три сезони ги мина во тимот на Баник Острава, неговиот матичен клуб.

„Главата сакаше да продолжам, но телото ми вели дека треба да завршам. Долго време имам проблеми со здравјето, организмот не ми работи како претходно. Непријатно ми е да не можам да играм и да дадам максимум“, рече Барош.

Покрај Ливерпул, Барош играше и за Лион, Галатасарај и Млада Болеслав.