Македонскиот интернационалец Давид Митов Нилсон е дел од норвешкиот тим на Сарпсборг и очекуваше дека таму ќе има „свеж“ старт на неговата кариера која досега беше одбележана со повреди.

Сега тоа не е случај голманот брани стандардно и е здрав, но сега проблемот е друг. Клубот започна очајно сезонава, и од пет меча има исто толку порази. Нормално е последнопласиран на табелата.

„Не ми се верува што се случува. Ова е буквално да му се слоши на човек. Па ние доминиравме на четири од петте одиграни мечеви досега, а не успеавме да освоиме ниту бод. Невидено нешто. Бран само еднаш шутна на нашиот гол и не победи. Ова е страшно“ – изјавува Митов Нилсон, кој очигледно дека е исфрустриран од целата ситуација, и ќе мора тимот на почне веднаш да победува за работата да се поправи.