Вечерва во отсуство на екстра фудбалски натпревари во издвојуваме дуелот помеѓу Атлетико Мадрид и Мајорка во 34.коло на шпанската Ла Лига. Атлетико е во извонредна форма и се надева дека ќе продолжи во добар ритам. Со оние 2:2 против Барселона пред неколку денови ја прекина серијата од четири победи по ред. Да кажеме дека после паузата поради коронавирусот Атлетико собра 14 бодови од можни 18 (две ремија и четири победи).

А Мајорка се бори да го сочува прволигашкиот статус. После петте лоши натпревари (освоен само еден бод) играчите од Балеарските острови ја декласираа Селта 5:1.

Шиме Врсаљко, Диего Коста и Томас Парти се надвор од стројот кај Атлетико, а Мората, Трипие и Феликс почнаа со тренинзи но прашалник е дали ќе можат да издржат жесток ритам. Савиќ и Коке се враќаат после суспензијата.

Мајорка е ослабена со неиграњето на најдобриот напаѓач Анте Будимир и централниот бек Мартин Ваљент поради суспензии, а повредени се Агбејени и Леонардо.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ

АТЛЕТИКО – МАЈОРКА

КМБ 1&2-4 или ВГ 2-3