После два дена откако младиот Бакајо Сака го продолжи договорот со Арсенал, истото денеска го стори играчот од средниот ред, Габриел Мартинели.

„Многу сум среќен што Габи потпиша нов договор со нас. Тој е многу талентиран, и импресиониран сум од неговите квалитети. Со нетпрение го чекаме да биде подготовен и да се врати на теренот“, рече тренерот Артета.

Мартинели доби нов долгогодишен договор со клубот. Тој е член на „топџиите“ од 2019 година.