Добро е познато дека Вардар ќе ги одмери силите со ПСЖ, Пик Сегед, Келце, Фленсбург, Порто, Мешков Брест и Елверум, најава за интересна ракометна сезона, која да се надеваме дека ќе се игра пред полни трибини.

Дел од клубовите на своите официјални страници ги претставија противниците во групната фаза во Лигата на шампионите.

Пик Сегед е еден од оние тимови кои веднаш излезе со статистика и краток осврт на случувањата во Вардар во изминатиот период. Секако на прво место беше ставен финансискиот проблем, па потоа доаѓањето на Михајло Михајловски на чело на клубот.

„Двократниот освојувач на Лигата на шампионите веќе долго време се бори со финансиски проблеми, но стартиот сопственик, претседателот на СЕХА-лигата, Михајло Михајловски, го спаси клубот.

Со Вардар имаме играно 10 пати, требаше да се сретнеме во март во осминафиналето, но поради пандемијата коронавирус дуелот не се одигра. Тимот од Скопје доминира во пресметките со нас, само еднаш одигравме нерешено и двапати победивме, тие нè тепаа седум пати.

Последен пат со нив игравме во сезоната 2018/19 кога се сретнавме во 1/4 финалето, во Скопје не совладаа со 31-23, на реваншот имавме шанса да им вратиме, но на крајот мечот заврши 29-25, Вардар се пласираше на Ф4 и во Келн приреди огромно изненадување, го освои пехарот“, се вели на официјалната страница на овој тим.

Пик Сегед и Вардар ќе се сретнат во 3. коло и тоа на теренот на унгарскиот тим.