Луис Хамилтон и Валтери Ботас поставија најбзри времиња на првиот слободен тренинг на австрискиот Ред Бул Ринг, а Ферари не ги користеше најмеките достапни гуми и завршија во средината на поредокот.

Хамилтон е единствениот возач кој своето најдобро време успеа да го спушти под 65 секунди (1:04.814), што е за 0.22 секунди подобро од минатогодишното најдобро време на првиот тренинг.

Ботас беше за три десетинки побавен од тимскиот колега, а Ферстапен, кој триумфираше во претходните две години во Автрија, успеа да го поправи своето најдобро време и да заврши трет откако се изврте на првата кривина со софт-гуми.

Во првата петорка завршија Карлос Сајнц од Мекларен и Серхио Перез од Рејсинг поинт.

Ферари завршија на 10. и 12. место, но Леклер и Фетел не користеа меки гуми па се фокусираа на медиум и хард гуми.