Лина Ѓорческа го доживеа првиот пораз на Источно-европскиот шампионат што се одржува во Белград (Србија). Утринава најдобрата македонска тенисерка немаше решение за Викторија Томова која имаше перфектен настап и ја победи нашата претставничка со 2:0 во сетови со 6:3 и 6:2.

Па така Лина сеа е втора на табелата во групата Ц веднаш зад Томова која има четири победи и без изгубен сет. Нашата тенисерка  претходно ги доби другите три меча против Маријана Дражиќ (Хрватска), Тијана Сретеновиќ (Србија) и Чемре Анил (Турција).