Тимот на Реал Мадрид е блиску до рекордната 34-та титула во Ла Лига, откако вчера го совлада Гетафе, и избега четири бодови пред Барселона на пет кола до крајот на сезоната. Барса направи два „кикса“, играше со Селта и со Атлетико Мадрид нерешено 2:2.

Статистиката вели дека Реал Мадрид никогаш не испуштиле ваква предност во историјата.

Во сезоната 1991/1992 „кралевите“ го загубија трофејот со три бода предност на пет кола пред крајот, и тоа е максимално заостанување во ова натпреварување. Последен пат Барселона испушти четири бодови предност на пет кола пред крајот во 1981/82, но треба да се каже дека тогаш се даваа по два бода за победа.

Оваа традиција оди контра „Каталонците“ кои се чини дека ќе останат без титулата во Шпанија.