Арсенал дојде до триумф над Вулверхемптон од 0:2 на гостински терен, и победи во директниот дуел за излез во Европа. Но, ова не значи дека „топчиите“ сигурно ќе играат во ЛЕ следната сезона преку Премиерлигата, но овие три бода може многу да им значат во таа битка.

„Топчиите“ дојдоа до водство со првиот премиерлигашки гол на Сака. Во вториот дел Лаказет ја запечати победата на Арсенал кој имаше лош старт после паузата, но полека се стабилизираше и фаќа форма во финишот од сезоната.