Тимот на Арсенал е казнет парично 40 илјади швајцарски франци од страна на ФИФА поради тоа што биле откриени неправилности при трансферите на Чуба Акпом во ПАОК и на Жоел Кембел во Фросиноне.

Двајцата играчи беа продадени пред две години, но раководството на „топчиите“ ставило клаузули во договорите кои не биле дозволени.

Во случај ПАОК да го продаде Акпом, треба да му исплати 30% од трансферот на Арсенал, а ако играчот замине во Англија, тогаш клаузулата е 40%.

При продажба на Кембел, Фросиноне, според договорот, ќе му плати на Арсенал 25% од трансферот, односно 30% ако замине во Англија. Освен тоа Арсенал не дал целосни документи за овие трансфери.

ФИФА испитува и други трансфери.