Марио Балотели во Бока Јуниорс? Каков ли само спектакл тоа ќе биде, јасно е дека во тој случај “Бомбоњера“ ќе гори, а Буенос Аирес и Аргентина ќе добијат голема “фудбалска приказна“.

Како што пишуваат италијанските медиуми, Балотели сега е слободен играч, и дефинитивно раскина со Бреша откако во клубот не беа задоволни од неговиот однос. Па така, Мино Рајола, познатиот менаџер, сега го понудил напаѓачот на Бока, и веројатно ќе дојде до потпишување на договор.

Самиот Балотели нема ништо против да се “проба“ и во Јужна Америка по играњето фудбал во Италија, Франција, Англија…