Сезоната 2020/21 во Втората лига – Исток почнува на 22 август, а дел од клубовите деновиве ќе ги започнат и летните подготовки. Па така интересно е да се каже дека Брегалница и Кит Го, ќе означат старт на подготовките на 10 јули и тоа во Пехчево.

Штипјани бегаат од својот град поради коронавирусот кој просто беснее под Исарот, а Пехчево е идеално место за одработување на првата фаза од подготвките. Што се однесува до Кит Го, засега нема некои подетални информации во врска со засилувања, додека јасно е, барем според зборовите на тренерот Емил Грнев, дека Пановски и Ѓорѓиоски ќе се преселат во Брегалница.

Значи на 10 јули во Пехчево, тренерите на Брегалница и Кит Го, Илиевски и Грнев, прво ќе прозиваат а потоа ќе ги стартуваат подготовките за наредната сезона во Втората лига – исток.