Баерн Минхен стигна до двојната круна во Германија, откако вечерва го освои и трофејот од Купот со победата над Баер Леверкузен со 4:2.

Алаба од слободен удар,  и Гнабри после една супер акција му донесоа предност на Баерн од 2:0 на полувремето. Потоа Левандовски по големата грешка на Храдецки донесе и 3:0, а „фармацевтите“ преку Бендер намалија на 3:1.

Левандовски донесе и 4:1, за Хаверц во финишот со удар од белата точка да ги постави конечните 4:2.