Гостивар и натаму се засилува. По Христијан Кировски и Трајче Стојковски, гостиварци денеска го претставија и Ардит Зеќири, досегашниот фудбалер на Дрита Гњилане. Со овие засилувања во летниот преоден рок Гостивар покажува дека има амбиции да се бори за влез во Првата лига.

“Денеска започнува една нова фаза од којата кариера. Потпишав за еден од најорганизираните клубови во Втората лига. Се надевам дека заедно ќе ја постигнеме целта“ изјави Зеќири.