Ливерпул конечно постана првак на Англија. Но, менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, кој успеа по 30 години да ја донесе титулата е лут на правилата кои ги наметнува Премиер-лигата.

Според нив, еден играч на првакот мора да одигра најмалку пет првенствени натпревари за да добие медал. Па токму пради ова правило Клоп е огорчен.

„Буквално секој играч на Ливерпул кој беше дел од тимот заслужува медал. И ќе добие. Ако не од Премиер-лига, тогаш од мене“, изјави Клоп.

Оваа изјава на Клоп дека ќе се откаже од медалот дополнително го завцрсти неговиот одличен однос со фановите на Ливерпул