Навивачите на Вардар „Комитите“, вечерва во Градскиот Парк во Скопје со фешта, со пиротехника и навивачки песни ја прославија титулата на фудбалскиот клуб. Иако официјално нема да им биде доделен шампионски пехар, сепак, Вардарци беа прогласени за шампиони, односно за првопласирани во сезоната 2019/2020.

Пред неколку дена ФК Вардар беше прогласен за првак на земјата. За жал, тимот нема да игра во ЛШ, поради тоа што не им беше издадена лиценца.

Од друга страна и навивачите ја чекаат разврската околу новите сопственици на Вардар, за да може клубот нормално да функционира и во иднина, откако Сергеј Самсоненко си замина од екипата.