По Дерик Џонс Јуниор, уште кошаркар на Мајами Хит е позитивен на коронавирус. Токму поради ова челниците на клубот одлучија да го затворат тренинг центарот. Засега не се открива името на кошаркарот, но според тамошните медиуми тој бил член на првата петорка на „жешките“.

Во Мајами ќе продолжат да се тестираат до среда за кога е закажано нивното заминување во орландо, каде ќе се доигра сезоната.

Овој тим е не е единствениот кој има позитивни случаеви на „Ковид-19“, со истиот проблем се соочуваат Денвер и ЛА Клиперс.