Откако 16-те учесници во новата сезона во Лигата на шампионите ги добија противниците во групната фаза, на големо почнаа со подготовки.

Вардар ќе игра против ПСЖ, Келце, Пик Сегед, Фленсбург, Порто, Мешков Брест и Елверум. Првиот дуел избраниците на тренерот, Стевче Алушовски го играат на гостински терен кај белорускиот тим, кој пак од пред извесно време ги пушти во продажба билетите.

Пред крајот на изминатиот месец предност имаа фановите кои имале сезонски карти, а додека од денеска билети за мечевите кои следуваат, вклучувајќи го и првиот дуел со Вардар можат да набават сите навивачи.

Мешков Брест направи силен тим, во составот го има екс-вардарецот, Сташ Скубе.