Агим Ибраими, откако ја заврши “епизодата“ со Шкендија, сега има понуди од неколку клубови.

Па така, барем според пишувањето на медиумите во Албанија, поранешниот наш репрезентативец, и еден од најдобрите наши фудбалери во последната декада, би можел да потпише за Партизани Тирана.

Овој клуб имал намера и официјално да тргне по Агим, и во него гледал адекватно, но и најголемо засилување во својот напад. Сепак проблем претставувал фактот дека Агим е скап играч, за неговиот ангажман требало многу пари, но челниците на Партизани сепак имале намера да го доведат македонскиот фудбалер во своите редови.