Медиумит во САД на големо пишуваат дека Игор Кокошков е близу до клупата на Фенербахче. Турскиот тим остана без тренер откако Жељко Обрадовиќ си замина, а потоа добија „НЕ“ од Шараунас Јасикевичиус.

Но, се чини работата нема да оди лесно. Кокошков има договор со Сакраменто, а со оглед на тоа дека сезоната во НБА-лигата не е завршена, тој нема да може да се приклучи на Фенербахче.

Обврските кон Кингс на актуелниот селектор на Србија завршуваат кон средината на август, што пак е доцна за Фенер, кој е во просец на реновирање на тимот.  Засега нема официјален став од таборот на турскиот гигант околу овој проблем, одлуката ќе падне во следните неколку дена.