ГФК Охрид Лихнидос и натаму е активен на трансфер – пазарот ова лето. Па така од денеска “рибарите“ се посилни за голманот Оливер Митрески и Оливер Дишлиески. Митрески се врати  во Охрид и тоа по неполна година, тој минатата сезона ја започна со “рибарите“, но потоа направи трансфер во Лабуништа. Младиот Дишлиески, кој има само 20 години, потекнува од школата на Академија Пандев, но последен клуб му беше Скопје. Тој не само што ќе игра како младинец, туку поседува квалитети и без тоа да се најде во стартниот состав на стратегот Драган Бочески. Покрај Митрески и Дишлиески, раководството на ГФК Охрид Лихнидос ова лето се засили и со Фатмир Ариф, Един Мерсовски и Никола Симоновски.