Екипата на Будуќност ја освои титулата во домашниот шамшпионат, но на пет кола до крајот има голем проблем. Се појави заразен фудбалер со коронавирус, па целиот тим автоматски замина во карантин.

Останатите фудбалери се тестирани и ги чекаат резултатите. Клубот многу веројатно дека нема да ги доигра петте преостанати кола, а уште поголем проблем се создава со екипите на Ком и Петровац кои што во изминатите две кола играа против Будуќност. Ком е екипа која се бори за опстанок и мора да ги доигра сите мечеви.