Шкендија попладнево ги стартуваше подготовките за настапите на екипата во Лигата на Европа, и за новата сезона.

Тетовските „црвено-црни“ под „палката“ на Ернест Ѓока, почнаа со тренинзите. Екипата направи неколку замени во „ростерот“, односно си заминаа некои искусни играчи како Агим Ибраими и Марјан Радески, додека ново-старо име е Егзон Бејтулаи.

Иако имаше шпекулации за тренерска смена, сепак, Ѓока ја одржа прозивката попладнево.