Поранешниот фудбалер на Нотингем Форест Дерик Отим (24) се удавил во езеро во Соединетите Американски Држави. Несреќата се случила на езерото Киови во Јужна Каролина, пренесоа медиумите од САД.

Меѓу првите се огласи неговиот клуб.

Почивај во мир Дерик. Сите во Нотингем сме шокирани од веста дека нашиот поранешен младинец починал“, соопштија од Нотингем.

Отим пред четири години го напуштил Нотингем и заминал да студира во Америка, а притоа играл фудбал за тамошни клубови.

Инаку езерото Киови важи за едно од најопасните во Соединетите Американски Држави затоа што често се случува да се дават луѓе.