„Нероаѕурите“ продолжуваат да го засилуваат тимот за идната сезона, па целта им е да донесат квалитетен лев бек. Изборот им е Емерсон Палмиери, италијанскиот репрезентативец со бразилски корени кој освен како лев бек може да игра добро и на позицијата дефанзивен играч за врска. 25-годишниот фудбалер моментално е член на Челзи, а претходно играше за Рома, кратко за Палермо и за Сантос.

Според информациите на „Гардијан“ миланскиот клуб е спремен да даде 22 милиони евра. За овој играч исто така е заинтересиран Јувентус, но засега не е толку загреан како Интер.