Досегашниот член на тимот на Шкендија, и екс македонски младински репрезентативец Константин Чешмеџиев својата кариера ќе ја продолжи во Босна каде што ќе потпише за тимот на Вележ.

Дефанзивецот утре заминува за БИХ каде што ќе го комплетира трансферот кој го договараше десетина дена. Имаше понуди да остане во нашиот шампионат, но и да замине во првенствата од нашето соседство но сепак, популарниот Чешма се одлучи да замине во Вележ.

Клубот е доста амбуциозен, сака да напредува на секаков план, пред се да игра во Европа. Кај нас е добро познат кај постарата генерација од екс југословенските времиња.