Ливерпул бргу ги преброди грижите после оној дебакл на гостувањето кај Манчестер Сити (0:4), а денеска на свој терен славеше против Астон Вила со 2:0. Погодокот за нови три бода и билдање на бодовното салдо го постигна Садио Мане во 71 минута. Кеита убаво го пронајде Сенегалецот на 9-10 метри од голот, а овој со силен шут под пречката ја затресе мрежата.

 

 

Во 89 минута во листата на стрелци се впиша и 19-годишниот играч за врска Кертис Џонс, негов прв гол во Премиер лигата.

А Астон Вила, седумкратен првак на Англија, остана во црвената зона со бод помалку од првиот над цртата Вотфорд. Се уште има надеж за бирмингемци дека ќе се спасат од преселба во понизок ранг, меѓутоа формата им е загрижувачка и немаат победа од 21 јануари оваа година кога го победија Вотфорд. Од тогаш одиграа девет натпревари (пет после паузата поради корона вирусот) и освоија само два бода.

Во другите мечеви од денешната програма Њукасл и Вест Хем ги поделија бодовите 2:2 иако „чеканите“ двапати имаа водство, а Барнли и Шефилд Јунајтед одиграа 1:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore