Почна Формула 1 шампионатот, а уште на првата трка на „Ред Бул ринг“ во Австрија вистинско лудило. Жестоки дуели, многу откажувања, напната борба за место на подиумот. На крајот возачот на Мерцедес Валтери Ботас заврши на првото место, втор беше Шарл Леклер од Ферари, а трет Ландо Норис oд Мекларен. Бранителот на титулата Луис Хамилтон го загуби местото на подиумот поради казната што ја доби во финишот на трката поради судир со Албон. Да кажеме и тоа дека имаше дури 9 откажувања…

Како се одвиваше трката?

Хамилтон кој заврши втор во квалификациите, но дополнително е казнет со три места поради игнорирање на жолтите знаменца. Па така почетниот грид изгледаше Ботас, Ферстапен, Норис, Албон па Хамилтон.

Сепак, на Британецот и бранителот на титулата не му сметаше тоа премногу да се врати во борбата за врвот. Како фурија успеа со два најбрзи круга да го стигне тимскиот колега Валтери Ботас кој упорно го чуваше првото место.
Многу проблеми имаа возачите на првата овосезонска трка. Нешто помалку од една третина од трката Ферстапен и Рикардо поради механички проблеми се откажаа, Строл и Магнусен излетаа од патеката.
Некаде околу 50-тиот круг Мерцедес им сигнализира на своите возачи да внимаваат како возат поради проблем со сензорот на менувачот, а веднаш потоа нови откажувања: Грожан, Расел и Кими Раиконен.

На 61 круг ситуацијата беше Ботас прв, Хамилтон втор, па Албон, Перез и Норис…

Два круга подоцна Хамилтон опасно му се приближи на Албон и се најде под истрага. Веројатно имало мал контакт бидејќи Алоб се изврте и кога продолжи падна на 13-та позиција. Веднаш е објавено дека Хамилтон е казнет со 5 секунди.

Веќе во следниот круг Леклер го поминува Перез на третото место, истовремено поставува најбрз круг. Конечно, еден од возачите на Ферари направи нешто храбро и им се закани на водечките. Во финишот Хамилтон поради казната остана без место на подиумот, па така втор и трет завршија Леклер и Норис.