Реал Мадрид победи со 1:0 во гости кај Атлетик Билбао и тоа со гол од пенал на Серхио Рамос, но не престануваат реакциите од страна на јавноста поради контроверзните одлуки на судиите. Многумина сметаат дека Реал има помош од судиите, а тоа го потврдија со два спорни моменти.

Во првиот момент играчот на Атлетик Билбао ја згазнува ногата на Марсело, а судијата со помош на ВАР покажува пенал. Рамос го реализира за 1:0 што беше и конечен резултат.

A имаше ист таков момент на спротивната страна. Рамос го згазнува Раул Гарсија, а ниту судијата ниту ВАР не се огласи и мечот си продолжи како ништо да не се случило.

После мечот тренерот Зинедин Зидан изјави дека му се смачено да ги слуша приказните дека имаат судиска помош.

„Уморен сум да ги слушам приказните дека победивме поради судиите. Тоа нема да се промени, но мислам дека играчите заслужуваат почит. Веројатно сакаат да не дестабилизираат, но нема ништо да не исфрли од колосек. Титулата е пред нас и одиме кон неа. Не можеме да се опуштиме се додека и математички не ја освоиме“, изјави Зидан.