Движењето „Black Livers Matter“ стигна до сите сфери на живеењето, па и во спортот, па се повеќе спортисти го подржуваат во борбата со искоренување на расизмот и дискриминацијата. Движењето се активира после убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец, поради што во САД се крена голем бунт кој зема широки размери. Како солидардност и поддршка во борбата за расна нееднаквост спортистите клекнуваат на едно колено, но не сите го прават тоа.

Пред денешната трка во Формула 1 во Австрија, Макс Ферстапен и Шарл Леклер, но и уште неколку нивни колеги одбија да клекнат на едно колено.

„Јас сум за еднаквост и против расизмот. Но верувам дека секоја има право да го искаже тоа на свој начин како што смета дека треба. Јас не сакам да клекнувам на колено но го почитувам тоа што го направија другите возачи“, изјави Ферстапен.

Истото го мислат и другите, кои се за искоренување на расизмот од секојдневниот живот, но не сакаат да го искажат тоа на овој начин.