Поранешниот шведски тенисер Робин Содерлинг во едно мега интервју за локалните медиуми појаснува зошто неговата кариера не отиде до самиот врв на светскиот тенис иако имаше можност за такво нешто. Тој официјално замина во пензија поради мононуклеоза, но зад тоа имал проблеми кои биле и тоа како сериозни.

„Патев од аксиозност. Седев сам заклучен во стан и најмал звук правеше да паничам невидено. Плачев константно не можев да се соземам. Не сакав да излезам на терен не можеа да ме натераат на тоа. Во еден момент пребарував на интернет како да се замоубијам. Навистина тоа беа тешки моменти за мене“ – вели Содерлинг кој е еден од реките кои може да се пофали дека го победил Рафаел Надал на Ролан Гарос.

Тој играше две гренд слем финалиња, не освои трофеј но затоа запиша десет титули на помали турнири. Во моментов тој е селектор на дејвис куп репрезентацијата на Шведска, проблемите за него одамна се минато.