Во Босна и Херцеговина веројатно почнува вториот бран на коронавирусот затоа што бројките на заразени се големи. Така фудбалскиот клуб Младост Добој – Какањ објави дека дури 12 фудбалери се заразени со КОВИД-19, а девет од нив се наоѓаат во болница во Зеница, додека тројца се во домашна самоизолација, еден во Зеница и двајца во Сараево.

Причината за толкав број на заразени лежи во тоа што во претходните денови многу играчи доаѓале на проба во клубот, а не биле тестирани на коронавирус.