Екипата на Беласица ги објави термините и ривалите за пријателските средби за летните подготовки. Струмичани веќе неколку дена како активно се подготвуваат во домашни услови, а што се однесува до пријателските средби тие се претежно со добро познати ривали. Тука се пред се Брегалница, Вардар, Силекс, Кожуф, а списокот се заокружува со екипата на Тиквеш.