Андреј Кудијан, напаѓачот кој што минатата сезона ја мина во Плачковица, во следната сезона ќе го носи дресот на Брегалница.

Кудијан е дете на Работнички, а играше во минатото и за Еуромилк.

Брегалница веќе го гради ростерот на екипата за идната сезона во која главна цел ќе биде пласман и враќање во прволигашката конкуренција.