Бугарски нисколигашки клуб, на интересен начин се обидува да дојде до нови играчи. Станува збор за тимот на Спартак Варна кој што бара нов стопер, а тоа го прави преку оглас.

Тренерот на тимот, Кирјакос Георгиу, се одлучил да ги искористи социјалните мрежи, за да го најде потребниот играч за својот тим.

„ФК Спартак Варна (трета лига во Бугарија), бара да ангажира млад стопер кој може да игра во формација 3-5-2 и кој има европски пасош. Нашата понуда вклучува и проба во која се обезбедени сместување и храна“, напиша Георгиу и притоа оставил е-маил на кој може да му испраќаат биографија.

Исто така во објавата има и плата, односно изнесува од 400 до 500 евра.