Поранешниот бразилски репрезентативец, во моментов 36. годишниот Вагнер Лав својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Казахстански Каират.

Иако тој досега беше дел од тимот на Коринтианс сепак го раскина договорот и веќе пристигна во Казахстан.

Тој е добро познат во овој дел од Европа, затоа што долго време настапуваше за тимот на ЦСКА Москва од каде што потоа направи серија на трансфери, која еве не престанува до ден денес.

Лигата во Казахстан само што започна е прекината поради проблемите со коронавирусот, но наскоро се очекува истата да продолжи, па Вагнер Лав и да дебитира за неговиот нов клуб.