Вердер Бремен останува во „елитната“ Бундеслига, откако денеска во бараж натпреварот со Хајденхајм одигра 2:2, и благодарение на двата гола во гости, обезбеди опстанок.

И покрај тоа што Хајденхајм доминираше со поседот во текот на целиот меч, сепак, тимот од Бремен беше поконкретен, имаше повеќе шанси од противникот, повеќе удари.

Вердер дојде во водство во 3. минута со автоголот на Терекоф. Шансите за пласман во Првата лига, домашниот тим ги оживеа во 83. минута кога преку Клајнденст израмни на 1:1. Сепак, Аугустинсон донесе ново водство во 94. минута, за во 97. минута Клајнденст од пенал донесе израмнување, но недоволно за да се дојде до пласман во „елитата“.