За првпат во историјата на Украина, жена ќе ја дели правдата во финалето на Купот на Украина помеѓу Динамо Киев и Ворскла Полтава, кој ќе се игра во среда вечер.

Станува збор за судијката Катерина Монзул која има 39 години. Прв пат судела во 2016 година помеѓу Черноморец и Волин, а го судеше и финалето на женското светско првенство меѓу САД и Јапонија.

Исто така нејзин помошник ќе биде жена – Наталија Рачинска.