Болоња оствари сензационална победа над Интер на „Џузепе Меаца“ со 1:2. Стрелец на победничкиот гол беше Муса Бароу кој после мечот искажа интересен начин како бил мотивиран од Синиша Михајловиќ.

„Тренерот многу ми помогна. Ми се закани дека ќе се исфрли од теренот ако направам уште една грешно додавање. Среќен сум што сум дел од екипа која ја тренира Михајловиќ. Секогаш се трудиме да го правиме она што го бара“, рече Бароу.