Ракометните тимови низ цела Европа и натаму работат на создавање на „ростерите“ за новата сезона. Нант за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров и ќе бидел од Лигата на шампионите, се пофали дека составот ќе биде побогат за ново име.

Станува збор за Милан Милиќ кој доаѓа од тимот на Металопластика. 22-годишниот Србин ќе им прави друштво на Лазаров и  Едуардо Гурбиндо на десната бековска позиција.

Капитенот на македонската репрезентација планира на својата богата кариера да стави крај по завршување на сезоната што следува, а потоа да „заплива“ во тренерските води.

Инаку противници на Нант во ЛШ ќе бидат: Барселона, ППД Загреб, Веспрем, Кил, Алборг, Мотор и Целје.