Италијанскиот менаџер Иван Реџани за тамошните медиуми тврди дека Давид Алаба е веќе договорен и летово ќе премине во тимот на Интер. Досегашниот член на тимот на Баерн Минхен наводно ја напушта Германија и ќе стане дел од новиот тим на Интер кој од ден на ден е се посилен.

„Колку што мене ми е познато, двете страни веќе се сретнаа, првите луѓе на Интер и претставниците на Алаба, и начелно работата е завршена“ – вели менаџерот.

Алаба долго време е дел од тимот на Баерн има освоено девет трофеи со него, и секако дека е можен ваков развој на настаните пред се поради презаситување на фудбалерот од престојот на Алианц арена.