Фото: Индекс.хр

Синоќа се одигра големото дерби во ХНЛ меѓу Ријека и Динамо Загреб. Славеа домашните, поточно Дарко Велковски и неговите соиграчи со 2:0 против Аријан Адеми и “модрите“. Сепак тоа е помалку важно, поважно е што се слчуваше на трибините на стадионот “Рујевац“ каде гостинските фанови, Бед – Блу – Бојси или БББ, навистина разочараа со своето однесување и пеење. Па така хрватските медиуми наголемо ги критикуваат фановите на загребските “модри“.

Ако е тоа бодрење на својот тим, тогаш и натаму нека го бодрат на тој, фашистички начин. Инаку вчера се одржаа и парламентарните избори во таа земја, на кои убедливо победи десницата во Хрватска.

А, еве ако пееја БББ…

Шугава Ријеко,полна си со Срби, не се грижи, има уште врби“ секако дека мислеа на оние усташки повици – Срби на врби.

Пред извесно време Хајдук беше казнет откако “Торцида“ среде Загреб исто извикуваше и пееше фашистички песни.