Младиот и ултра надежен офанзивен фудбалер на тимот на Ливерпуил, Харви Елиот, го потпиша првиот професионален договор со клубот.

Младиот играч ова го заслужи со она што го покажа како во подмладокот, така и на тренинзите на првиот тим па управата и стручниот штаб одлучија да го наградат.

„Нормално дека од моментот кога дојдов во клубот ова ми беше основна цел. Секако дека сум презадоволен, и јас и моето семејство. Напорно работев за ова“ – изјави Елиот.