Лацио изгуби од Лече во гости со 2:1 и остана без шанси за „скудетото“, всушност му го отвори патот на Јувентус кон нова титула. На мечот имаше интересни моменти, на Лече му поништија гол поради играње со рака, потоа Манкосу промаши пенал, а во 90 минута играчот на Лацио Патрик доби црвен картон откако го гризна за раката Џулио Донати.

Можеби на судијата му избега моментот, но затоа ВАР го забележа. Патрик доби директен црвен картон, веројатно и построга дополнителна санкција.