Напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг вечерва го погоди голот на Лестер и се впиша во историјата на Арсенал како втор играч кој реализирал 20+ голови во две едноподруго сезони. Габонецот стигна до 20 голови во 32. меч во Премиер лигата оваа сезона, а претходната ја заврши со 22 гола во 36 натпревари.

Претходно вакво нешто имаше направено само Тиери Анри, легендарниот француски напаѓач, член на шампионската генерација на „топчиите“.

А исто така интересно е што Анри го носеше дресот со број 14, а сега и Обамејанг!