Струга Трим Лум успеа да ангажира супер засилување, и тоа Јасмин Мециновиќ. Со искусниот и квалитетен стопер, тимот на Срѓан Захариевски и тоа како осетно се засили во својата дефанзива.

Мециновиќ имаше неколку понуди од наши клубови, но раководството на Струга Трим Лум беше најконкретно и успеа да го “зграпчи“ Јасмин, кој до корона кризата беше член на Персела од Индонезија, но поради пандемијата која ја зафати таа земја мораше да се врати во Македонија.

Претходно настапуваше во клубови од повеќе земји. Нема сомневање дека од исксуството и квалитетот на Мециновиќ екипата на Трим Лум и тоа како ќе има корист.