Кевин Фогт е своевиден „уникат“ во фудбалот. Овој стопер на Хофенхајм имаше шанса да направи многу подобра и побогата кариера, но едноставно непознато е што се случи што доживеа таков пад.

Пред две години Фогт беше пред потпис со Баерн Минхен, а беше баран и од неколку големи клубови (се шпекулираше за Челзи). Но, стоперот тогаш не успеа да стави потпис со најтрофејниот германски клуб, поради тоа што не сакаше да биде резерва (тогаш Баерн ги имаше Хумелс и Боатенг), па „Баварците“ се одлучија за неговиот соиграч Зиле.

И, се чини дека од тогаш почнува падот на фудбалерот, кој беше и во репрезентацијата, но никогаш со забележителни настапи.

Фогт од почетокот на оваа сезона е во Вердер Бремен, тим кој се бореше за опстанок оваа сезона. Но, она што е најтрагично е тоа што Хофенхајм сега не го сака назад откако му е истечена позајмицата.

Така од 30-40 милиони кои можеа да ги заработат, сега, веројатно ќе останат само „трошки“ заработувачка од својот дефанзивец.